Протести во Албанија – студентите бараат намалување на трошоците за високото образование

Mandatory Credit: Photo by MALTON DIBRA/EPA-EFE/Shutterstock (10015283b) Albanian students protest in front of the Education Ministry in Tirana, Albania, 06 December 2018. Students are demanding lower tuition fees, an increasing budget for public universities and better conditions in dormitories. Students gather to protest against goverment, Tirana, Albania - 06 Dec 2018

Студентите од Унверзитетот во Тирана и Политехничикиот универзитет веќе два дена протестираат пред зградата на Министертвото за образование барајќи да се намалат трошоците за високото образование, кои може да достигнат и до 3000 долари.

Студентите упатија повеќе барања од министерката Линдита Никола – од подобрување на условите во сместувачките капацитети, па до нивно учество во управите на универзитетите.

Протестите се проширија и на Универзитетот „Александар Џувани“ во Елбасан, каде студенти  ја бојкотираат наставата и покренаа петиција, но има најави и за во други градови.

Албанската влада вчера прифати едно од барањата на студентите – го укина членот од Законот за високо образование со кој се предвидуваа нови тарифи за повторен упис на година и за полагање заостанати испити.

Владата денеска ја укина одлуката која е поврзана со тарифите.  Повеќе нема дополнтелно плаќање за студентите кои изгубиле година. Што се однесува до намалување на тарифата за студирање за 50 отсто, тоа е во надлежност на универзитетите, рече министерката Линдита Никола, министерка за образование на Албанија.

Таа најави дека ќе биде формирана работна група за разгледување и решавање на проблемите.

Оваа мерка се уште не е стапена во сила и не влијае на ниту еден студент. Таа ќе биде претставена наредната година. Ако универзитетите се согласат, јас сум подготвена да ја оставам мерката под надлежност на автономијата на универзитетот, рече министерката.

Но, студентите не се откажуваат. Тие најавуваат бојкот на наставата додека сите нивни барања не бидат прифатени, а главниот протест го селат пред Владата во Тирана.