Протести во Белград и Нови Сад, нови судири меѓу демонстрантите и полицијата

568

Втора ноќ по ред во Белград избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, кои започнаа во вторникот по најавата за воведување полициски час во главниот град на Србија, а продолжија иако претседателот Александар Вучиќ претходно во средата се откажа од оваа мерка за сузбивање на разгорената епидемија на коронавирусот, а досега има неколку десетици повредени на двете страни.

Протестите започнаа во вторникот вечерта пред српскиот парламент по најавата за посторгите епидемиолошки мерки, односно повторното можно воведување полициски час во српската престолнина. Во вторникот во судирите во и пред парламентот меѓу демонстрантите и полицијата, беа поведени 60 лица, а 24 демонстранти се уаспени.

Неколку илјади демонстранти и во средата фрлаат врз полицијата факели, камења и шишиња, скандирајќи против претседателот Александар Вучиќ. Во тек се протести и во Нови Сад.

Пред Скупштината на Србија во Белград и во Пионерскиот парк наспроти, се собраа неколку илјади лица, а интервентната полиција е распоредена денеска порано околу пладнето околу зградата на парламентот, седиштетот на претседателот на Србија, Скупштината на Белград, околу Радио-телевизија Србија и околните улици.

Група демонстранти и вечерва направила обид да се пробие во парламентот, но била отфрлена од жандармеријата која е помогната од полциската коњаница.

Собирот започна мирно, но набрзо започнаа инцидентите. Во еден од нив, е повреден и актерот Сергеј Трифуновиќ, кој е претседател на Движењето на слободните граѓани (ПСГ). Тој беше навредуван и со тупаници избркан од демонстрантите. Него, како што изјави за медиумтие, го нападнале непознати лица за кои кои се надева дека ќе бидат идентификувани бидејќи многу фотографи го снимале инцидентот. Слично мина и претходната вечер и лидерот на Народната партија, Вук Јеремиќ, кој беше избркан од протестот. Репортерите на белградските медиуми јавуваат дека е повреден и Бошко Обрадовиќ, лидер на движењето Двери и еден од челниците на опозицскиот Сојуз за Србија.

Повредена е тричлената репортерска екипа на Радио-телевизија Србија (РТС) кои се повлечени од платото пред парламентот.

Иако српскиот претседател Александар Вучиќ во средата на прес-конференција изјави дека нема да има повеќедневен карантин и полициски час, за што конечната одлука ќе ја донесат Кризниот штаб и владата, пред парламетит и на улиците на Белград протестот добива политичка обоеност, бидејќи се приврзаници со обележја на разни политички опции, меѓу кои и на крајно десните и екстремните групи.

Протестот започна околу 18 часот на платото пред Филозофскиот факултет на повик на Сојузот за Србија (СзС), а поради „иживувањето на власта над граѓаните“ и најавеното па откажување на полициски час поради зголемениот број заразени во Белград.

Вучиќ на денешната прес-конференција, бранејќи ја полицијата која интервенираше изминатата ноќ откако демонстранти се пробија во парламентот, оцени дека вчерашните протести биле „најбруталното политичко насилство“, како и дека цел е да се ослаби Србија, во што, како што тврдеше се вмешани и регионални и надворешни фактори.

Од опозицијата, од која најголем дел ги бојкотираше изборите на 21-ви јуни на кои победи Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ освојувајќи двотретинско мнозинство во 250-члениот парламент, побараа формирање привремена влада за справување со коронакризата, обвинувајќи ја власта дека придонела за рагорување на епидемијата со одржување на парламентарните избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.