Протести во Франција против „Црниот петок“

Француски активисти го блокираа складиштето на „Амазон“ јужно од Париз во знак на протест против Црниот петок, во услови на зголемено спротивставување на феноменот, за кој група француски законодавци бараат целосна забрана.

Демонстрантите од климатската група „Пријатели на Земјата“ денеска поставија сено, стари фрижидери и микробранови на автопатот што води кон складиштето во Бретањ-сир-Орж. Пред портите држеа транспаренти „Амазон: За климата, за работни места, стопирајте го ширењето, стоп на хиперпродукцијата!“

Протестот заврши кога полицијата ги растера активистите. Се очекуваат нови протести пред Црниот петок.

Дел француски законодавци сакаат да го забранат Црниот петок, кој прерасна во глобален феномен, иако произлегува од американскиот празник: Денот на благодарноста, што се слави во четвртиот четврток во ноември, а по што има големи попусти во петокот.

Францускиот законодавен одбор во понеделникот усвои амандман со кој се предлага забрана за Црниот петок, бидејќи предизвикува „губење ресурси“ и „прекумерна потрошувачка“. За тој амандман ќе се расправа идниот месец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.