Протести во Германија против мерките за ограничување против пандемијата

Во Германија во саботата се одржани неколку протести против мерките за ограничувања кои ги воведоа властите во обидате да го сузбијат ширењето на новиот тип коронавирусот.

Најголемиот протест е одржан во Штутгарт каде што, според процените на организаторите, се собрале околу 5.000 граѓани.

Организаторот на собирот, ајти претприемачот Михаел Балвег, изјави дека граѓаните дошле на протестот за да се спротистава на органишувањато на темелните граѓански права, како правото на протест и слободата на вероисповед.

Според наводите на полицијата, протестите минале мирно, со придржување на правилата за одржување на растојанието.

Протестот кој го организирал здружението „Querdenker” (во слободен превод Пинакумислечки – оној кој размислува поинаку), градските власти на Штутгард првични го забраниле, но потоа забраната по итна постапка ја укинал Уставниот суд.

Балвег неговото движење го опишува како „непартиско“, додека критичарите забележауваат дека на протестите против владините мерки „сѐ поголема улога имаат редикалните десни активисти и поборниците на теориите на заговорот“.

Во Берлин, во центарота на градот, слично како и изминатите викенди, се собраа неколку стотици лица, иако градските власти дозволија само два собира со по 20 учесници.

Една од протестите во Берлин под мотото „Доста е дискримијација на лушето-гуштери“ го организарала Бергпарти, мала германска анархистичко-дадаистичка партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.