Протести во Холандија на земјоделците и градежните работници

Земјоделци и градежни работници протестираат со возење полека во колоните низ Холандија,   незадоволни од владината политика за намалување на загадувањето на животната средина.

Сообраќајните служби ги предупредуваа патниците на големи застои, а полицијата ги казни земјоделците кои со трактори излегоа на автопат.

Полицијата го затвори главниот автопат недалеку од Амстердам кога земјоделците излегоа со тракторите на тој пат.

Демонстрантите велат дека сакаат да покажат дека се подготвени да ги заштитат професиите од кои живеат и се загрозени од мерките за намалување на загадувањето.

Многу градежни проекти беа прекинати на почетокот од оваа година, кога холандски суд донесе одлука дека владината политика за одобренија за градење е непочитување на европските регулативи за загадување.