Протести во Кашмир, врз полицијата фрлано со камења

13

Стици лица денеска протестираа во индискиот дел на Кашмир, досека владата во Њу Делхи го увери Врховниот суд дека ситуацијата во спорниот регион е под контрола и дека широките безбедносни рестрикции ќе бидат укинати во следните неколку дена.

Демонстрантите носеа зелени мулсимански знамиња и транспаренти со натписот „Запрете го геноцидот во Кашмир. Свету, пробуди се“, марширајќи по улиците на Шринагар, главниот град на Кашмир, што под контрола на Индија.

Дел од демонстрантите фрлаа камења врз безбедносните, на што тие возвратија со солзавец.

Индиската Влада претходно денеска најави дека во следните неколку дена ќе ги укине ограничувањата за слободно движење и за комуникаиците, бидејќи во текот на овој месец во цел Кашмир се укинати сите телефонски врски и Интернетот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.