Протести во Кичево, синдикалците сакаат повисоки плати

Независниот синдикат за образование, наука и култура во Северозападната Македонија, протестираше во Кичево за зголемување на платите и подобри услови.

Секретарот на овој синдикатот за образование, наука и култура во Кичевскиот регион, Македонски Брод и Плесница, Зуфер Рушај, изјави дека нивните барања се социјални но тој како најважни ги одвои– зголемувањето на платите и подобрување на условите, пренесува ТВ 21.

Доколку не се исполнат нивните барања тие ќе продолжат да протестираат. И во други градови ќе се организираат протести. Синдикалците во текот на следните денови ќе протестираат и пред Влада.