Протести во Полска за Законот за врховниот суд

Во Варшава, Гдањск, Вроцлав, Краков и Лоѓ вчера се одржаа протести против полската влада против новиот Закон за врховниот суд и во одбрана на полскиот устав, независното судство и владеењето на правото.

Илјадници луѓе се собраа пред зградата на Врховниот суд во Варшава во време кога законот предвидува дека ќе ја намали возраста за пензионирање за судиите од тој суд.

„Слободни судови“ и „Долу диктатурата“, извикуваа граѓаните што се собра во Варшава.

Според новиот закон за полскиот Врховен суд, речиси 40 отсто од судиите ќе бидат принудени рано да се пензионираат.

Европската унија започна тужба против Полска за законот, кој се заканува да ја остави Полска без право на глас во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.