Протести во Прага против рестриктивните мерки поради епидемијата на Ковид-19

Полиција на коњи и во оклопни возила го преплави плоштадот на главниот град на Чешка каде околу 2 илјади демонстранти фрлаа петарди, конзерви и стаклени шишиња.

Луѓето се незадоволни поради заострување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во петок се забележани рекорден број на случаи 11.105, а во сабота 8.713. Минатата недела во Прага беа затворени рестораните и кафулињата, а учениците учат од далечина.