Протестите во Бихаќ: Каменувана куќата на премиерот

Повеќе од две илјади незадоволни граѓани на Бихаќ се собрале околу 12,30 часот на Градскиот плоштаад за да го изразат незадоволство и да побараат оставка од Владата на Унско-санскиот кантон. Пред зградата на Владата на УСК ги дочекала полиција.

Во Бихаќ, како што јавуваат локалните медиуми, пристигнуваат граѓаните и од другите градови од кантонот. Полициските службеници ги легитимирале сите граѓаните, а запленети се и одредене број молотови коктели. Локалите во центарот на градот се затворени како мерка на претпазливост.

Граѓаните бараат од полицијата да се солидаризира со нив. Голем број граѓаните се упатиле кон домот на премиерот на УСК, Хамди Липоваќ. Тој наводно во петокот вечер побегнал во Хрватска, но босанскиот портал Кликс.ба јавува дека според неговите Фејсбук статуси тој се уште е во Бихаќ.

Полицијата им го блокирала патот на демонстантите, направен е полициски кордон недалеку до куќата, но толпата ги каменувала, објавува Бисчани.нет.

По кратки судири со полицијата, демонстрантите се разотишле во непознат правец. Мала група останала пред куќата на премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.