Протестите во Ирак повторно насочени кон Иран

За време на денешните протести во Ирак, демонстранти се подбиваа со иранските лидери, фрлаа молотови коктели врз канцелариите на нивните политички сојузници и им се закануваа на иранските дипломатски мисии.

Антивладините протести во Ирак, што почнаа минатиот месец предизвикани од економската состојба во земјата, главно се насочени кон ирачките политички лидери. Но, за време на протестите на површина излезе и огорченоста поради иранското влијание во Ирак, поради што на мета на демонстрантите се најдоа шиитските политички партии и милициите блиски до Техеран.

Демонстрантите во понеделникот во ирачкиот град Kарбала го опкружија Конзулатот на Исламска Република Иран и се обидоа да го запалат. Го симнаа иранското знаме од Конзулатот, го заменија со ирачко, а иранското го запалија. На ѕидот на конзулатот напишаа: Карбала е слободна, надвор со Иран, надвор!. Полицијата пукаше во демонстрантите, и според локалните медиуми, притоа уби три лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.