Протестите во САД се одраз на длабоките внатрешни кризи, смета Путин

Протестите последните седмици во САД против расизмот и полициската бруталнос се израз на „дрлабоките внатрешни криза“ во оваа земја, оценува рускиот претседател Владимир Путин во големото интервју по повод 30-годишнината од Руската Федерација од кое исечоци беа емитувани во неделата.

Смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на полициско приведување на 25-ти мај покрена бран масовни антирасистички простести кои ги надминаа и границите на САД. Путин се осврна на темата за безредијата во Соединетите држави во разговорот во кој зборуваше и за гласањето за уставние измени во Русија, за пандемијата на Covid-19, новите вооружавања и повеќе други прашања.

Рускиот челник признава дека се обидува да избегнува коментари за настаните во Соединетите држави, но кога го прави тоа тогаш е посебно внимателен.

„Она што се случува таму е манифестација на некои длабоки внатрешни кризи. Всушност, тоа го гледаме многу долго. Од моментот кога на власт дојде актуелниот претседател (Доналд Трамп) кога победи тој победи апсолутно јасно и на евидентен начин, на демократски начин. Но оние коишто загубија ги ширеа сите можни измислици за да го доведат во прашање неговиот легимитет“, рече Путин.

Во 2016 година, имено, по неочекуваниот пораз на кандидатката на Демократската партија, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и изборот на Трамп, следеа обвинувања за наводно руско мешање во американски избори во неговата полза, што и неговиот штаб и Москва остро ги отфрлаа. Повеќегодишната истрага доведе до заклучокот дека кампањата на Трамп не соработувала со Кремљ, но без прикажување доказу дека Русија имала мешање во американскиот изборен систем. Но последните извештаи покажуваат дека станува збор за нарачан од демократите извештај од поранешен британски разузнавач кој работел на шпионирање на бизнисите на Трамп во Москва.

Кога станува збор за ситауцијата во САД, Путин изразува изнанадување од ставот на некои од гувернерите на американските сојузни држави во односот кон претседателот Доналд Трамп.

„Што е деморкатијата? Тоа е власт на народот, тоа е правилното. Но ако народот ги избере највисоките тела, тогаш највисоките органи на власта, кај кои е акумилирана довербата на народот, имаат право да ја градат работата на извршните органи така што ќе ги гарантираат интересите на огромното мнозинство од населението во земјата. Но што се случува таму? Претседателот вели ‘Неопходно е да се направи тоа и тоа’, а некои гувернери велат ‘Да стоиш понастрана’“, вели Путин.

Притоа прави споредба со Русија, каде што според него, владата и регионите како една сплотена екипа.

„Се соменавам дека некој кај нас некогаш, без разлика дали во валдата или во региниот, би реко ‘Нема да го правиме тоаш што го кажуваат владата или претседателот. Сметаме дека тоа е несоодветно“, истакнува Путин.

Според рускиот челник, односите меѓу белата популација и афроамериканците се дамнешен проблем на САД.

„Секогаш, уште во Советскиот сојуз и сега во современа Русија со голема симпатија гледаме на борбата на афроамериканците за своите природни права“, истакнува Путин потсетувајќи дека портретите на Анџела Дејвис афроамериканска и актвистка на меѓународното комунистичко движење од 1970-те години, често можеле да се сретнат во Советскиот сојуз.

„Такви нешта имало отсекогаш. Но кога тоа се претвора, дури и во заднината на сторени злосторства, станува елемент на таков радијален национализам, есктремизам, од што ништо добро не може да се очекува. Доколку борбата за приридните права, за законските права добијат карактер на будење и погроми, во тој случај не гледам ништо добро за државата, тоа никогаш не сме го поддржувале“, додава Путин.

Сепак, Путин изразува надеж дека фундаменталните основи на демократија ќе им овозможат на САД да излезат од кризата во којашто сега земјата се наоѓа.

 

За протестите во Европа

Продолжувајќи го разговорот за проблемите со расизмот и безредијата кој покрај САД ги зафатија и некои европски држави, Путин истакнува дека уривањето на спомениците од страна на демонстрантите и другите манифестации на агресија и нетолеранција, се крајно деструктивни појави.

Како обратен пример, тој ја наведува ситауцијата кога од цела Русија беа испратени сили за помош на Дагестан, кој се најде во тешка ситуација поради епидемијата од коронавирусот.

„Замислете го ова: афроамериканците треба да ги лечат само афромаерикански лекари. Во нашата мултинационална земја, не познавам ниеден кому би му било добро Русите да ги лекуваат само Русите, Татарите само Татарите, Дагестанците само Дагенстанци. Тука Дагестан беше во тешка состојба и целата држава дојде да помогне“, вели Путин.

Според Путин, по ова прашање се манифестира силата на Русија. „Силата не во нашата мултинационална држава и мултинанционалната популација. Мораме да го задржиме тоа“, вели рускиот претседател.

Според Путин, борбата против коронавирусот ги покажала општите проблеми кои ги имаат САД. Притоа истакнува дека Русија подобро се справува од Вашингтон со пандемијата на болеста Covid-19. „Излагуваме со минимални загуби…, но во САД тоа не е така“, вели.

Русија во неделата забелеќа 8,825 нови случаи на коронавирусот, со што досега има вкупно 528.964, и е третата во светот по САД и Бразил. Но Русија бележи помалку од 7.000 починати од коронавирусот. САД во неделата го мина прагот од два милиона заразени а има и повеќе од 115.000 починати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.