Протестите за „Монструм“ ќе ја одложат пресудата за Мијалков, за да се добие време за пазарење?

За утре е закажано судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, односно изрекување на пресудата, а еден од инволвираните е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, околу кого деновиве се крена голема врева дали е избеган или не, па неговото доброволно пријавување во Обвинителството. Уште денес во новинарските и полтичките кулоари се прошири веста дека, наводно, можно е да се одложи изрекувањето на пресудата, поради закажните протестите на роднините во врска со случајот „Монструм“, од безбедносни причини.

Засега, изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ е закажана со почетокот во 10 часот, додека протетсите би требало да почнат околу 12:30, по молитвата во џамијата.

Ако има вистина во овие информации, тогаш се поставуваат многу прашања. Дали ова намерно се прави за да се добие во време? Дали навистина не е завршен пазарот меѓу Мијалков и Заев?

Во политичките кулоари се вели дека протетсите за „Монструм“ се само покритие како да се усогласат Заев и Мијалков со судот и со меѓунардониот фактор, кој имаше значајна улога во „доброволното“ пријавување во Обвинителството да си го земе решението за куќен притвор на поранешниот шеф на УБК, иако тоа требаше да го направи во суд.

Дали ќе бидеме сведоци на уште една евитна јужноамериканска серија?

Дали има враќање на заеми со судот, бидејќи Мијалков го засени судењето за Монструм и ги намали тензиите?