Протестна изложба на професорите од уметничко пред МОН, бараат разрешување на директорот

Професорскиот президиум на средно уметничко училиште денеска во 11 часот пред платото на Министерството за образование ќе одржи протестна изложба.

Како што информираат професорите, на изложбата ќе бидат застапени професори од уметничкото училиште со свои слики, графики и скулптури, а покана за да ја отвори изложбата и да му додели свидетелство на ВД директорот и е упатена на министерката Мила Царовска.

Инаку, оваа изложба е протест против незаконското поставување на Вд директорот Филип Фидановски и барање за негово разрешување.

Професорите од ова средно училиште досега имаа два протести пред МОН, а поднесоа и серија претставки за, како што велат тие, криминалното и нечовечно раководење на Фидановски со училиштето и негово скрвнарење од успешно училиште во деструктивна институција.