Протестот е граѓански зашто народот е изневерен, а Македонија не може да го прифати тоа, порача Мисајловски

На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што првпат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во неговото гостување во емисијата 24 Анализа.

„Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум. Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно“, рече Мисајловски.

Истакна дека поминуваат многу денови, а не можеме да видиме протокол, што ќе има внатре.

„Граѓаните не знаат, не веруваат во институциите и за жал можеме да видиме дека народот е изневерен од самите институции. Не може тоа така брзо да се прави, овие консултации требаше да бидат подолго време, да ги слушнат граѓаните, а не само да направат една чек листа дека ги поминале сите партии или сите експерти. Ова се многу сериозни прашања, затоа и вчера претседателот Мицкоски понуди рака повторно да седнеме да разговараме за неколку работи. Не може Македонија да го прифати ова, не може бидејќи влегуваме во слепа улица и тоа треба да го знаат сите до еден“ појасни Мисајловски.