Протестот за „Монструм“ тензичен, демонстрантите се судрија со полицијата

Под мотото „Слобода, правда и демократија – Стоп на монтираните случаи“ почна денешниот протест на членови на семејствата и поддржувачи на казнетите во, според нив, судските монтирани случаи  „Монструм“, „Алмир“, „Алфа“, „Харун Алиу“, „Бродец“ и други судски случаи.

Протестот почна од паркот во Чаир и учесниците во протестот продолжија да маршираат маршираат кон судовите, а планирано беше протестот да заврши пред Влада, каде се очекуваа и изјави за медиумите. Но полицијата не им дозволи на учесниците на протестот да се упатат кон судовите и тие своите изјави почнаа да ги даваат пред Мавровка.

Учесниците на протестите предизвикаа тензии и фрлаа со предмети кон полицискиот кордон кој не им дозволува да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието. Има и повредени од двете страни, при што интервенираше и Брзата помош.