Противниците на рестриктивните мерки протестираа ширум Германија

Илјадници противници на рестриктивните мерки коишто владата ги наметнува речиси цела година безуспешно обидувајќи се да ја сузбие епидемијата на коронавирусот излегоа во саботата на улиците во германските градови.

Во Дрезден стотици приврзаници на движењето Кверденекен, активисти и противници на вакцинирањето кои го негираат постоењето на кризата со коронавирусот, излегле на улиците и покрај забраната за демонстрации кои ја издаде државниот суд.

„На теренот сме од раните утрински часови за да го забрание протестот“, изјавил портпаролот на полицијата.

Многи учесници не носеле маска, што е задолжителна мерка за сузбивањето на пандемијата на коронавирусот, пренесуваат медиумите критикувајќи го однесување на демонстрантите во Германија, за разлика на пример од денешниот собир на опозициски активисти во Москва каде исто така не се почитувале епидемиолошките мерки или за други протести за кои локалните власти во екот на епидемијата не даваат дозволи.

Демонстрантие во Дрезден скандирале „Пандемијата е готова“. Истовременот во јужниот град Штутгарт мноштво луѓе се собрале под мотото „Доста беше“. Нивната бројка значително ја надминала првично ргистриранта бројка од 750 учесници, изјавл портпаролот на полицијата и додал дека меѓу 80 и 90 отсто од демонстрантите не носеле маски, ниту одржувале меѓусебни растојание.ж

Во саботата полицијата ги прекинала протестите против рестриктивните мерки со неколку илајди учесници во близина на баварскиот покраински парламент во Минхен.

„Протестите ги прекина полицијата поради непочитување на условите“, рекол полицискиот портпарол. Меѓутоа, не сите учесници се согласиле со акцијата на полицијата да ги растера.

Околу 2.000 луѓе се собрале на протестот против мерките за ограничувања во Диселдорф, со поддршка на конвој од повеќе од 100 кампер-возила.