Противмигрантската партија го поддржа Киличдароглу зо вториот круг од претседателските избори во Турција

Челникот на турската противмигрантска Партија на победата во средата го поддржа Кемал Киличдароглу во вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи в недела, а на кој опозицискиот кандидат ќе се соочи со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Умит Оздаг, лидерот на националистичката Партија на победата, која освои 2,2 отсто од гласовите на парламентарните избори на 14-ти мај, ги повика приврзаниците да гласаат за Киличдароглу на 28-ми мај во вториот круг во кој ќе се обиде да ја запре дведецениска власт политичка доминација на Ердагон на политичката сцена во Турција.

„Одлучивме да го поддржиме Киличдароглу во вториот круг од претседателските избори“, рече Оздаг на прес-конференција во Анкара, каде што застана до претседателскиот кандидат, лидерот на Републиканската народна партија.

Оваа поддршка може да ја намали предноста што Ердоган ја стекна во понеделникот кога беше поддржан од Синан Оган, националистички кандидат кој заврши на третото место во првиот круг со 5,2 отсто од гласовите. Ердоган имаше 49,5 отсто, а Киличдароглу 44,9 отсто.

Оздаг рече дека неговата партија и Киличдароглу постигнале договор за враќање на бегалците во нивните татковини во рок од една година „во согласност со меѓународните закони и човековите права“. Додаде дека слични разговори имал и со Партијата на правдата и развојот на Ердоган, но дека не одлучил да ја поддржи бидејќи нејзиниот план не вклучува репатријација на бегалците.

Според официјалните податоци, Турција е земја со најмногу бегалци во светот – четири милиони.

„Ердоган, намерно пушти 10 милиони бегалци во Турција. Дури и турското државјанство го ставивте на продажба за да увезете гласови“, го нападна Киличдароглу својот ривал минатата недела, без да наведе докази.

„Овде сега објавувам – кога ќе бидам избран, сите бегалци ќе ги испратам дома. Точка“, рече тогаш претседателскиот кандидат.

Но блокот од шест опозициски партии кој го поддржа Киличдароглу не освои доволно гласови за да формира мнозинство во парламентот, на парламентарните избори одржани на истиот ден со првиот круг од претседателските избори. Ердоган, кој има мнозинство, затоа изборите во недела ги претставува како одлука за стабилноста на државата.