Протоколот по кој ќе се гласа на 15 јули

Комисијата за заразни болести го донесе новиот протокол и опиша како треба да изгледа избирачкиот ден и што сè им е потребно на избирачките одбори на 15 јули.

На гласачките места ќе има постери и прирачник како треба да се однесуваат гласачите.

Пред да отпочне гласањето се препорачува темелно чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси или 70% разреден алкохол.

Граѓаните или гласачите тој ден се обврзани да носат маски или заштитни средства за носот и устата.

Граѓаните за да го реализираат правото на глас треба да чекаат ред, на дистанца од 1,5 до два метри.

При самото влегување во внатрешниот простор прово лицето кое гласа ги дезинфицира рацете. При подавање на личната карта ја симнува накратко маската за идентификација и ја држи препорачата на дистанца од членовите на избирачкиот одбор.

Во избирачкото место не смее да има повеќе гласачи од бројот на гласачки кутии или паравани.

По завршеното гласање лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете.

Членовите на ИО ја менуваат заштитната маска на секои 4 часа, додека ракавиците се менуваат при одење во тоалет и при пауза за јадење, стои во протоколот на Комисијата за заразни болести.

Комисијата во протоколот наведува дека гласачката кутија не треба да се дезинфицира после секој гласач.

Комисијата го прецизираше и начинот на кој што ќе гласаат заразените од Ковид – 19.

Во возилата во кои ќе се пренесува избирачкиот материјал треба да бидат присутни најмногу три лица, стои во протоколот. Со посебна заштитна опрема членовите на избирачките одбори ќе влегуваат во домовите на лицата кои се во изолација. Тие ќе носат мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, заштитна стандардна хируршка маска и средство за дезинфекција. Лицето кое гласа задолжително носи маска преку нос и уста.

Официјалната предизборна кампања почнува ноќеска на полноќ.

Претседателот на Држвната изборна комисија Оливер Дерковски потенцираше дека и покрај сите измени, препреки и апсурдности со кои се соочува Државната изборна комисија, тие ќе сторат сè за овие избори да се спроведат без проблеми, а граѓаните да не се плашат да излезат да го дадат својот глас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.