Проверка на сите четири аеродроми во Москва поради дојави за бомби

Службите за вонредни ситуации ги проверуваат сите четири аеродроми во Москва, откако се добиени анонимни закани за поставени бомби.

– Полицијата прими дојава за поставени бомби на аеродромите Внуково, Шереметјево, Домодедово и Жуковски. Истрагата е во тек, соопштија службите.

Сепак аеродромите продолжиле вообичаено да работат и не се евакуирани.

Претходно денеска, непознато лице ја информирало полицијата дека се поставени бомби во десет судови и повеќе од десет училишта во рускиот главен град.