Провладиниот Ордановски за изјавите на Каракачанов: Ќе треба да најдеме начин да покажеме дека сме спремни да попуштиме

Провладиниот новинар и колумнист Сашо Ордановски во вечерашното интервју во емисијата Само вистина на Канал 5, коментрајќи ги негаторските политики и непријателски изјави од страна на министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов призна дека коалициската власт на СДСМ и ДУИ, како и премиерот Зоран Заев одбрале да водат политика на толеранција за провокациите.

СДСМ, Зоран Заев и ДУИ морам да кажам избраа политика со која одат со една максимална толеранција во однос на провокациите на Софија, вели тој.

На прашањето зошто, тој додаде дека, Бугарија е помоќна и е веќе дел од ЕУ па ако и ние сакаме да сме таму ќе мораме да одбереме начин и да сме спремни да попуштиме.

Па затоа што сме ние во таква ситуација, ние бараме да влеземе во Европската Унија и кога барате а тие имаат моќ да не ви дадат тогаш треба да се обидете на еден максимален начин колку што сте спремни да попуштите на извесен начин да го добието тоа што го барате, смета Ордановски.

За потсетување на јавноста, Бугарија минатата година стави вето на Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската унија, посочувајќи дека добрососедскиот договор потпишан од владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев не е во целост испочитуван, а многу набрку после ова Македонија и македонскиот народ станаа мета на напади од страна на високи претставници на бугарската влада изјавувајќи дека на територија на Македонија живеат Бугари а не Македонци, како и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, како и дека македонската историја е фалсификувана. За ваквиот тип на изјави продонесе и премиерот Заев кој во интервју за бугарската национална агенција БГНЕС се откажа буквално и од историјата, но и од историските ликови, како и од македонскиот јазик и традиција.

На провоациите од страна на Бугарија, до сега ниту еден висок претставник, а ниту Министерството за надворешни работи на Република Македонија не реагираше и не се испрати протесна нота во знак на незадоволство и несогласување со ваквиот начин на политика од страна на источниот сосед на Македонија.