Прв „Балкан бајк фестивал“ во Скопје

Првиот „Балкан бајк фестивал“ се одржува денеска и утре на Водно иво центарот на Скопје.

Во рамки на фестивалот ќе бидат опфатени и голем број настани за и околу велосипедизмот.

На Водно денеска се одржа балкански шампионат во планински велосипедизам, меѓународно УЦИ натпреварување, а вечерва во Скопје ќе се одржи и BMX шампионат на Македонија. Утре ќе се одржи и рекреативно натпреварувачки маратон по падините на Водно, изложби, наградни игри и сето тоа пропратено со многу забава.

На Водно претпладнево учествуваа велосипедисти од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Грција, Кипар, Хрватска