Прв ден без починати од коронавирус во Мадрид

Градските власти на Мадрид соопштија во неделата дека во последните 24 часа не е регистриран забележан ниеден смртен исход како последица од Covid-19, првпат од почетокот на епидемијата која влијае и врз регионалните избори во Шпанија.

„Одлични вести, вчера беше првиот ден во Мадрид не се регистрирани нови смртни случаи“, објави на Twitter регионалната челничка Изабел Дијаз Ајусо додавајќи дека соработката ќе осигури „ноќниот кошмар дс не се повтори“.

Со 72.000 регистрирани случаи на зараза со короанвирусот и 8.400 смртни исходи, Мадрид и областа се најпогодениот дел на Шпанија. Следи Каталонија со 61.000 заразени и 5.600 починати.

Според последните податоци во неделата, во цела Шпанија се потврдени два смртни случаи од коронавирусот, со што вкупната бројка починати изнесува 28.343 луѓе. Во последните 24 часа регистрирани се 118 зарази со вирусот, наспроти 191 потврден случај во саботата. Со тоа вкупниот број заразени во Шпанија изнесува 248.770 лица.

Епидемијата на коронавирусот влијае и на кампањата за регионалните избори во Шпанија, па премиерот Педро Санчез на денешниот собир во Сан Себастијан носеше маска и избегнуваше ракување со приврзаниците.

Изборите во покраините Баскија и Галиција предвидени се за 12-ти јули и ќе бидат првите откако Шпанија прогласи карантин поради епидемијата на коронавирусот во март. Рестриктивните мерки се ублажени на 21-ви јуни.

„Непријателот на Шпанја е вирусот“, изјави Санчез во арената во Сан Себастијан, обраќајќи им се на ограничен број од стотина приврзаниц на неговата Социјалистичка партија (PSOE), кои носеа заштитни марки и седеа на препорачаната оддаленеченост од метар и половина.

Поради спречување на редиците на избирачките места, гласањето ќе биде овозможено и преку писма или во поштите.