Прв европски дуел меѓу Арсенал и Атлетико во полуфиналето на ЕЛ

Марсеј – Салцбург и Арсенал – Атлетико Мадрид се полуфиналните двојки во Европската лига кои се одредени во ждребот одржан во петокот во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион.

Првите натпревари се на распоредот на 26-ти април, а реваншите е се играат на 3-ти мај. Новиот шапмион во Европската лига ќе биде познат на 16-ти мај, а финалето ќе се игра во Лион.

Атлетико и Арсенал досега ниеднаш не се соочиле во некои европско натпреварување. Марсеј, исто така, ниеднаш нема играно со Салцбург.

Арсенал се пласираше по двете четвртфинални средби ја елиминираше московска ЦСКА со 4:1 и 2:2, Марсеј го исфрли РБ Лајпциг (0:1 и 5:2), Ред Бул Салцбург беше поуспешен од Лацио (2:4 и 4:1), а Атлетико од Спортигн (2:0 и 0:1).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.