Прв гол за Руни во МЛС лигата и скршен нос

Англискиот фудбалер Вејн Руни го постигна својот прв гол во дресот на „Вашингтон јунајтед“, но заработи и скршеница на носот во победата против „Колорадо рапидс“ од 2:1 во МЛС лигата.

Англианецот во 33 минута го отвори резултатот со својот прв гол, откако ја шутна топката низ нозете на поранешниот соиграч од репрезентацијата, Тим Хауард.  Гостите израмнија па се чинеш дека натпреварот ќе заврши нерешено. Сепак, „Вашингтон“ во 90 минута дојде до водство, па гостите ја нападнаа голот на домачините со сите сили. Па така во судското продолжение Руни во својот шеснаесетник доби удар во главата од високиот Швеѓанец, Аксел Сјоберг. Иако целиот во крв, Руни не ги чекаше лекарите, туку самиот излезе од теренот. Домаќините усеаја да се одбранат, а Руни заврши на шиење.

Англичанецот на мечот за прв пат настапи како капитен на екипата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.