Прв Национален и Меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија

лизгање

Натпреварот има национален, но и меѓународен карактер и на него ќе учествуваат спортисти во повеќе категории, односно во меѓународно признати категории: Младинци/ки, Јуниорки, Сениорки, како и во категориите за помлади натпреварувачи Кадети Ц и Б, и во интерпретативни категории согласно возраста на натпреварувачите.

Првиот ден ќе се одржи натпреварувањето во категориите Младинци, Интерпретации Б, и Интерпретации Ц и А, а утре во категориите Кадети Б, Младинки, Јуниори и Сениори и Кадети Ц.

На натпреварот, покрај домашните, ќе учествуваат натпреварувачи и од Република Србија, Република Словенија, Република Грција и Кралство Шведска.

Ќе има над 60 натпреварувачи, од кои половината домашни, а останатите од странство. На натпреварот ќе има меѓународно признати судии од неколку држави во Европа.

Натпреварот го организира Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија, во соработка со СЦ „Борис Трајковски“.