Прв настап на Влатко Стефановски во Тирана

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски викендот за првпат настапи во Тирана. Стефановски настапи во придружба на својот син Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ – на бас, а за координација, пред и по настанот, стои директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Златко Ориѓански.

Ориѓански заедно со Денис Бижга, директорот на „Albania guitar festival“, го овозможија овој прв концерт на Влатко Стефановски во Тирана, што, како што посочуваат во соопштение, ќе биде забележан како историски датум за културите на двете земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.