Прв пораз на 76ерс сезонава

22

Кошаркарите на Феникс Санс ѝ го нанесоа првиот пораз сезонава на Филаделфија 76ерс со 114:109, во натпреварот одигран ноќта кон вторникот во рамките на НБА лигата.

Санс до победата ги предводеше расположениот Девин Букер со 40 коша, Рики Рубио додаде 21 кош и 10 асистенции. Кај Филаделфија најдобар беше Ал Хорфорд со 32 коша од кои пет „тројки“, а Тобиас Харис додаде 24 поени и 10 скокови.

За Феникс ова беше петтата победа во последните седум натпревари и е најдобар старт на сезоната од 2013/2014 година.

Портланд Трејл Блејзер изненадувачки загубија од Голден Стејт Вориорс со 118:127, на кои ова има беше првата победа во новата сала „Чис Сентр“ во Сан Франциско. Демиен Лилард беше најдобар стрелец кај Блејзерс со 39 коша, од кои пет „тројки“. Рукито Ерик Пашал постигна 36 коша за Голден Стејт, кои оваа сезона играат без повредените Клеј Томпсон, Стефен Кари и Дрејмонд Грин.

Хјустон Рокитс на гости со 107:100 ги победија Мемфис Гризлис, а Џејмс Харден оствари „дабл-дабл“ со 44 поени и 10 скокови. Новакот во лигата Џа Морант повторно ги предводеше Гризлис со 23 поени.

Милвоки Бакс, исто така, на гости со високи 134:106 ги надиграа Минесота Тимберволфс, а Јанис Антетокунмпо постигна 34 коша и 15 скокови. Крис Мидлтон уфрли 26 коша, додека кај Минесота најдобар бепе Ендрју Вигинс со 25 поени.

Во другите натпревари Бруклин Нетс со 135:125 беа поодбри од Њу Орлеанс Пеликанс, а Вашингтон Визардс со 115:99 од Детроит Пистонс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.