Прв пораз сезонава на Валенсија и со играч повеќе

Фудбалерите на Валенсија го доживеаја првиот пораз оваа сезона откако беа поразени во 14-то коло од шпанското првенство со 0:1 на гости кај Хетафе.

Второпласираниот тим во Примера, кој досега заедно со Барселона и Атлетико Мадрид беше без пораз, имаше дури двајца играчи повеќе откако беа исклучени Арабариа уште во 25 минута, но наместо да ја искористи бројната предност, Валенсија прими гол во 66 минута. Стрелец на победничкиот гол за Хетафе беше Маркел Бергара.

И покрај поразот Валенсија со 31 бод останува на второто место зад Барселона којашто има 36 бодови, а ја следат Атлетико Мадрид кој има 30 бодови, а актуелниот шампион Реал Мадрид е четврт со 28 бодови.

Пораз доживеа и Виљареал од 1:3 кај Леганес. Гостите поведоа преку Даниел Раба во 60 минута, но пота за домашните стрелци беа Диего Рико во 72, Набил Ел Жар во 81 и Габриел во третата минута од судиското продолжение.

Виљареал остана на шестото место со 21 бод, но сега Леганес му се приближи на позиција подолу со бод помалку.

Ејбар со истиот резултат го совлада Еспањол, а стрелци на сите четири погодоци беа домашните играчи, откако во 79 минута сопствената мрежа ја погоди Серхи Енрих. Претходно за домашните прецизни беа Кике Карсија во 9, Иван Алехо во 38 и Жордан во 69 минута од пенал.

Ејбар е 13-ти со 17 бодови, додека Еспањол е две места зад него со бод помалку.

По првото полувреме од денешната програма Лас Палмас води со 1:0 против Реал Бетис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.