Прв првенствен пораз на Баерн

Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн од Минхен второ коло по ред не победува откако во претходното коло во вторникот на свој терерн со Аугсбург одигра 1:1, а во петокот вечерта во рамките на шестото коло во Берлин беше совладан од Херта со 0:2 (0:2)

Стрелци за Херта беа Ведад Ибишевиќ во 23 минута од пенал и Ондредј Дуда во 44 минута.

Херта со оваа победа бодовно се израмни со Баерн на врвот од табелата, и двата тима имаа по 13 бодови, два повеќе со натпревар повеќе од Борусија Дортмунд и Вердер Бремен.

Во следното коло Баерн ја пречекува Борусија од Менхенгладбах, додека Херта ќе му гостува на Мајнц 05, а и двата дуела ќе се играат на 6-ти октомври. Во меѓувреме, во вторник Баварците ќе играат на домашен терен во второто коло од Лигата на шампионите против холандски Ајакс.