Прв ракетен тест на Пјонганг во мандатот на Бајден

Северна Кореја во неделата извела лансирање на две крстосувачки ракети, соопштија американските функционери ноќта кон средата, но Вашингтон ја намалува важноста на овој прв тест изведен во мандатот на новиот американски претседател Зо Мајден и соопшти дека САД и натаму се отворени за дијалог со Пјонгјанг.

Северна Кореја тестирала две крстосувачки небалистички ракети од западниот брег на земјата, објави во средата јужнокорејската службена новинска агенција Yonhap, повикувајќи се на воени извори во Сеул.

„Тоа што го лансираа беа крстосувачки ракети, а не балистички ракето и нашите системи ги детектираа“, го цитира агенцијата својот извор.

Последниот голем ракетен тест го изведе на 14-ти април минатата година, кога беа лансирани неколку крстосувачки ракети „земја-море“ од источниот крајбрежен град Мунчеон во провинцијата Гагнвон и прелетаа околу 150 километри. Покрај тоа, Северна Кореја претходно во март изведе четири тестирања на балистички ракети со кус дострел во текот артилериските вежби.

Двајца американски функционери кои сакале да останат анонимни, за агенцијата Reuters, пак, тврделе дека Северна Кореја истрелала две балистички ракети со кус дострел, но не сакале да навлегуваат поединости.

„Запознаети сме со лансирањето на два проектила. Не семтаме дека оваа актовност значи затворање на варата“ на дијалогот, рекол еден од нив.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој должноста ја презема во јануари, изјави за новинарите во текот на посетата на Охајо, коментирајќи го ласирањето дека „Гледаме дека малку нешта се промениле“.

Од февруари новата американска администрација тврди дека безуспешно се обидува да стапи во контакт со севернокорејското раководство.

Администрацијата на Џо Бајден е при крајот на ревизијата на стратегијата кон Северна Кореја, рекол за Reuters висок американски функционер, по обидот за директна дипломатија на неговиот претходник Доналд Трамп со севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, што сепак не доведе до остварување на барањето на Вашингтон за денуклеаризација на изолираната комунистичка земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.