Прв Скопје Салса викенд!

Три дена Скопје ќе игра во ритамот на салса, зумба, аргентинско танго, афро румба, салса руеда, регетон и денсхол и за прв пат на нашите подиуми – бачатанго и кизомба.

Во центарот на настаните се Ведран Марчета и Лејна Кариќ-Лубарда,
актуелни светски прваци во салса и вице-прваци во аргентинско танго.
Освен нив, учесниците на Скопје Салса Викенд ќе можат да танцуваат со
инструктори од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, повеќекратни
прваци во латино и стандардни танци. Своите кореографии несебично ќе
ги споделат Ведран и Лејна, Сара и Нермин Кочан, Катерина Стојковска,
Аднан Имамовиќ – Адо, Аднан Капо, Сања Василјевиќ и регетон феноменот
-Јанчулај.

Хепенингот ќе започне во петок, 4 април и свечено ќе
биде затворен во недела.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.