Прв случај-куче се разболе од мајмунски сипаници, спиело со газдите во ист кревет

Куче, од расата Италијански хрт, е првото милениче заразено со мајмунски сипаници. Симптомите ги развил откако спиел со своите сопственици, кои исто така биле заразени со оваа болест, пишува магазинот The Lancet. Геј двојка (44 и 27) од Париз ја посетил болницата Питие-Салпетриер во Париз на 10 јуни 2022 година. И двајцата развиле рани една недела по сексуален однос со други мажи.

ПЦР-тестот покажал дека и нивното куче заболело од мајмунски сипаници, што го потврди првиот случај на пренесување на вирусот од човек на животно. Понатамошното генетско секвенционирање покажа дека видот на болеста е идентичен  со болеста што ги инфицирала неговите сопственици.

Линора Саксинџер, професорка на Катедрата за заразни болести на Универзитетот во Алберта, објави на Твитер дека се верува оти кучето веројатно го лижело болниот човек, а потоа и својот задник.