Прв случај на кракен и во Русија

Во Русија за прв пат е откриен нов подвид на омикрон, кракен, соопшти денеска руската државна служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на граѓаните Роспотребнадзор.

„Првиот случај на инфекција со сојот XBB.1.5 е потврден во регионот Пенза за време на секвенционирањето на геномот на коронавирусот“, се наведува во извештајот на Роспотребнадзор, пренесува ТАСС.

Според санитарниот надзорник, во Русија има многу подсоеви на омикрон, но најдоминантна е БА.5.

Видот делта, кој беше доминантен во втората половина на 2021 година, беше регистриран во некои изолирани случаи минатата есен, додека другите соеви од неодамна ги нема.

„Роспотребнадзор лабораториите и другите одделенија продолжуваат континуирано да ги следат соевите на коронавирус кои циркулираат во Руската Федерација и во бројни соседни земји“, се додава во соопштението на руската служба, пренесува Танјуг.

Претходно, здравствениот чувар објави дека кракен не ја зголемил смртноста, ниту е опасен како другите соеви на корона.

Кракен за прв пат е регистриран на 22 октомври во Њујорк и оттогаш се проширил во Америка, но и во 30 други земји, главно во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.