Прв случај на зараза со омикрон сојот на коронавирусот во Германија

Здравствените власти во германската сојузна покраина Хесен веруваат дека го идентификувале првиот случај на зараза со новата верзија на коронавирусот наречена омикрон во Германија, извести во саботата покраинскиот министер за социјални работи Каи Клозе.

„Изминатата ноќ турист кој се вратил од Јужна Африка се откриени неколку мутации карактеристични за омикрон. Сомнежите се многу сериозни, лицето веќе е испратено во изолација“, напиша Клозе на Twitter.

И во соседна Чешка, исто така, во саботата проверуваат случај на можна зараза со омикрон верзијата на коронавирусот SARS-CoV-2.

Претходно седмицава Боцвана и Јужноафриканската Република (ЈАР) потврдија појава на нов вид на коронавирусот првично означен како B.1.1.529, кој содржи 32 мутации на S-протеинот на вирусот, односно ткн „шилестата“ белковина преку која SARS-CoV-2 продира во човековите клетка. Многу истражувачи укажуваат на веројатно високата преносливост на оваа варијанта и отпорноста на вакцините, но порачуваат дека е прерано да се извлекуваат конечни заклучоци.

Според медиумите, во Јужноафриканката Република се регистрирани околу стотина случаи на заразата со новиот сој на коронавирусот. Неколку случаи се пријавени и во Хонгконг, а засега по еден и во Израел и во Белгија.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) на вонредниот итен состанок во петокот го карактеристизираше B.1.1.529 како варијанта којашто „предизвикува загриженост“ и го нарече „омикрон“, според 15-та буква од грчката алфабета.

Европската унија во петокот објави дека земјите членки договориле огрничување на влезот од седум држави од југот на Африка. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, потврди дека САД ќе го суспендираат воздушниот сообраќај со некои африкански земји, вклучително и со ЈАР од 29-ти ноември. Слични одлуки донесоа и властите на Тајланд, Бразил, Канада, Јапонија и Шри Ланка.