Прв смртен случај во САД поврзан со е-цигарите

Еден пациент во сојузната држава Илиноис починал откако кај него, како резултат на пушење е-цигари, се развила тешка болест на дишните патишта, што е прв таков случај во САД, објавија американските здравствени власти.

Истовремено Американскиот центар и превенција на болестите (CDC) извести дека во 22 американски сојузни држави досега се евидентирани 94 случаи на мистериозна тешка болест на белите дробови, којашто лекарите ја поврзвуваат со консумирањето на електронските цигари. Заболените главно се тинејџери и помлади полнолетници, а 30 од овие случаи се во Висконсин.

Лицето кое починало „е хоспитализирано со симптоми на необјаснива болест, којашто веројатмо е последица од користење на е-цигарите“, изјави др Џениофер Лејден, главен епидемиолог на државата Илионоис.

Според информациите на здравствените власти, во текот на последната седмица во државата Илиноис се зголемил бројот на хоспитализираните со респираторни проблеми кај луѓето кои пушеле електронсктие цигари, вкупно 22 лица на возраст од 17 до 38 години.

„Бевме многу тажни кога дознавме за првиот смртен случај кој се доведува во врска со тешката белодробна болест поврзана со користењето е-цигари или ’вејпинг’ уредите. Овој трагичен смртен исход во Илионис зборува во прилог на сериозни ризици поврзани со користењето на е-цигарите“, изјави директорот на CDC, Роберт Редфилд.

Од CDC го изнесоа податокот според кој во многу случаи корисниците на е-цигарите инхалираат THC, главна активна состојка на канабисот, Центарот истакнува дека точната причина засега не е позната, но и дека сите случаи вклучуваат е-цигари кои некои од заболените ги користеле и за консумирање различни производи на база на марихуаната.

Истражителите не објавија ниту кои производи или состојки се поврзани со сите случаи. „Иако сите сличаи изгледаат слично, засега не се знае дали нивниот причинител е ист или станува збор за различни болести со слични симптоми“, соопштија од CDC. Властите ги анализираат цигароте и примероци од пациентите, додаваат. Случаите се пријавени во двомесечен период, меѓу 28-ми јуни и 15-ти август. Експертите од CDC го истражуваат овој проблем со здравствените власти на државите Висконсин, Илиноис, Калифорнија, Индијана и Минесота. Уште редица сојузни држави се обратител до агенцијата за можни но сѐ уште неппотврдени случаи на болести поврзани со ткн „вејпинг“.

Претходно годинава Агенцијата за храна и лекови (FDA) предупреди на потенцијални проблеми со електронските цигари, откако добила пријави за здравствени проблеми луѓе кои се користат. Пушењет во моментов во САД е на историско ниско ниво, но здравствените власти се загрижени поради порастот на користењето на е-цигарите, особено меѓу тинејџерите.