Прв смртоносен кенгурски напад во Австралија од 1936-та

Седумдесет иседумгодишен маж починал од последиците на напад на кенгур кого го држел како домашен миленик, што е првиот смртоносен кенгурски напад од 1936 година, пренесуваат австралиските медиуми.

Локалните медиуми известија дека болничарите во неделата попладнето по локално време биле повикани на имотот на маж во Редмонд, околу 400 километри југоисточно од Перт во западна Австралија, откако според пријавата биле нападнат од кенгурот кој го чувал како домашен миленик.

Локалната телевизија објави дека член на семејството го нашол стопанот на кенгурот тешко повреден, како и дека животното „станало насилно“ и ги спречувало болничарите да ѝ пријдат на жртвата.

Полицијата соопштила дека нејзините припадници биле присилени да ги успијат торбарот за да ѝ овозможат на итната помош да го згрижи човекот, кој подоцна починал на самото место на настанот.

Последниот пријавен случај на смртоносен напад на кенгур во Австралија се случил во 1936 година, кога според австралиските медиуми 38-годишен маж бил убиен од кенгур во државата Нов Јужен Велс.