Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија?

Според неофицијални информации на телевизија Алфа, во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници.

Извори на телевизијата, рекле дека бил најавен прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје. Пациентот бил од Кичево, а го очекувале да пристигне во секој момент на клиниката. Кичевската брза помош, неофицијално, одбила да го пренесе човекот до Скопје, па тој со сопствено возило тргнал кон клиниката за да изврши лабараториски испитувањa и да се види дали станува збор за болеста мајмунски сипаници.

„Алфа се обиде да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега таа не одговори на нашите повици и пораки, додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката ни кажа дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент“, информираа од телевизијата.