Прв триумф на Бруклин со Дурант, Ирвинг и Харден во составот

Екипата на Бруклин нетс ја забележа првата победа со Кајри Ирвинг, Џејмс Харден и Кевин Дурант во составот.

Ноќеска Бруклин го совлада Мајами хит со 128:124.

Најефикасен кошаркар на мечот беше Бем Адебајо од Мајами со 41 поени, при тоа забележа и девет асистенции и пет скока.

Во победничкиот состав се истакнаа Дурант со 31 и Ирвинг со 28 поени. Третиот член на „ѕвездената тројка“ Харден, средбата ја заврши со „дабл-дабл“ – 12 поени и 11 асистенции.

Бруклин по 18 натпреври има 10 победи и се наоѓа на 5.место во Источната конференција од НБА лигата, додека Мајами го претрпи деветтиот пораз на 15 дуел и се наоѓа на 13,позиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.