Прва борбена мисија на американскиот ловец „F-35“

U.S. Air Force / Staff Sgt. Andrew Lee

Американската армија во четвртокот првпат го употребила во борбена мисија својот „невидлив“ авион од петтата генерација „F-35B“, пренесува порталот Military.com повикувајќи се на неколку воени извори.

Според соговорниците, нападот бил изведен во „последните 24 часа“ врз цели на исламистичкото движење Талибан во Авганистан, оваа модификација на моделот „F-35“, е единствената од трите кои се дизајнирани за ветикало слетување, а исто така, потребно им е и минимална дистанца за полетување.

Најмалку еден од овие нови авиони, кои се сметаат за „бисери на технологијата“ кои го избегнуваат надзорот на напредните радарски системи, полетал од американскиот амфибиски брод „USS Essex“ и бомбардирал талибански цели во авганистанската покраина Кандахар, преицизирал неименуван американски функционер, пренесува агенцијата AFP. „Нападот беше успешен“, додал изворот за авионот кој е дел од американската воена морнарица.

Израелска војска во мај годинава објави дека првпат во истријата го користела „F-35“ во борба, но детали не беа објавени.

Програмата на моделот кој официјално го носи називот „Lockheed Martin F-35 Lightning II“ веќе ја чини армијата на САД околу 1,5 трилиони долар (1.500 милијарди доалри) според пресметките за нејзиниот развој до 2070 година, и е најскапата програма за развој на кое и да е оружје во историјата, со досега потрошени 400 милијарди долари. Притоа, порталот забележува дека дизајнерите на проектот се соочиле со многу проблеми и потрошиле стотици милиони долари повеќе од планираното, а и оти доцнат со воведување на овој тип вид авион во функција најмалку седум години.

Во јуни 2014 година целата флота на американските „F-35“ не леташе, бидејќи американските власти одлучија да ја заклучат истрагата за причините за необјаснивиот пожар на еден од нив. Потпа пред околу две години се јавија проблеми со кокпитот и системот за капултирање. Минатата година, пак, педесетина авиони од моделот „F-35A“ останаа целосно приземјени во воздухопловната база „Лук“ во Аризона, поради проблеми со кислородот

Програмата „F-35“ беше започната на почетокот од 1990-те. Американското министерство за одбрана има цел во следните децении да произведе околу 2.500 авиони од новото петто поколение. Сумата за проиводство на еден авион од овој модел се проценува сега на 150 милиони долари, а еден час негов лет чини 35.000 долари.

Поборниците на авионот ја фалат неговата „невидлива“ технологија којашто му овозможува избегнување на радарите, неговата надзвучна брзина, подвижноста и разните колектрои кои на пилотите им овозможуваат пристап до бројни инфомрации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.