Прва изјава на унгарскиот премиер Орбан по барањето политички азил на Груевски

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан денес гo упати новинарoт од унгарската телевизија „24“ одговори да побара од правните експерти околу прашањето за политичкиот азил на поранешниот премиер на Македонија,  Никола Груевски.

„Тоа е правно прашање, одговорот побарајте го кај адвокатите“, одговори Орбан запрашан да ги објасни основите на Груевски за престојот во Унгарија, односно зошто не е во транзитната зона за време на неговото барање за азил.