Прва осудителна пресуда поради смртоносниот истрел на снимањето на филмот „Rust“

Првиот асистент на режисерот на филмот „Rust“ на чиешто снимање актерот и продуцент Алек Болдвин смртно ја застрела директорката на фотографијата Халина Хатчинс, е осуден во петокот на шест месеци условно по спогодбата за признание на вината.

Станува збор за првата осудителна пресуда во овој судски предмет, и е изречена поради небрежност при користење огнено оружје на филмскиот сет.

Токму 63-годишниот Дејв Холс, помошник на режисерот, било лицето коешто на 21-ви октомври 2021 година му го подал на Алек Болдвин пиштолот кој требало да биде наполнет со лажни куршуми, а откако актерот вежбајќи ја сцената го повлекол орозот истрелал боев куршум со кој ја усмрти Халина Хатчинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

Хол му го додал оружјето на Болдвин велејќи дека е „студено“, што во холивудскиот жаргон значи дека е безопасно за користење.

Алек Болдвин и пружарката на снимањето Хана Гутиерес-Рид, којашто ја следат и претходно слични инциденти, се обвинети за убиство од небрежност и им се закануваат казни до 18 месеци затвор и 5.000 долари глоба.

Во текот на полициската истрага се настојуваше да се утврди како вистинските куршуми се нашле на снимањето на ранчот крај Санта Фе во сојузната држава Њу Мексико, што е строго забрането за да се спречат такви несреќи.

Полицајците заклучиле дека оружарката Гутиерез-Рид ставила вистински куршуми наместо лажни во пиштолот кој го употребил актерот Болдвин.

Главната обвинителка Кари Морисеј во петокот оцени на сослушувањето во судот во Ново Мексико дека Дејвид Холс, кој се грижел за безбедноста на снимањето на нускобуџетниот филм со што бил „на последната линија на одбраната“ и не го „проверувал секој куршум во оружјето за да се убеди дека не е боев“.

Шеесет ичетиригодишниот Алек Болдвин во сите изјави по трагичниот инцидент тврдеше дека го уверувале оти револверот е безопасен.