Прва победа на Барнли сезонава во Премиер лигата

Фудбалерите на Барнли ја впишаа во понеделникот првата победа сезонава во англиската Премиер лигата откако во претпоследниот дуел од деветтото коло на свој терен го совладаа Кристал Палас/.

Барнсли славеше минимални со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Крис Вуд уште во 8 минтуа. Меѓитоа, најзаслужен за првата победа е голманот Ник Поуп, кој се истакна со неколку одлични интервенции,

Со овие три бода Барнли собра вкупно пет е моментално е едно место над зоната на испаѓање, на 17-то со сами четири постигнати погодоци. Кристал Палас, пак остана на 13 бодови на 10 место.

Досега единствени без впишана победа во Премиер лигата оваа сезона се Вест Бромвич Албион кој има три ремија, а Шефилд Јунајтед има само едно реми и осум порази.

Во последниот натпревар од колото, Вулверхемтон и Саутемптон одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа во 58 минута со погодокот на Тио Волкот, а домашните израмнија преку Педро Нето во 75 минута.

Вулверхемтон е деветти на табелата со 14 бодови, а Саутемптон е петти со 17 бодови, на позицијата која води во Лига Европа и со три бода заостанување зад водечките Тотенхме и Ливрпул, а бод за трето и четвртопласираните Челзи односно Лестер Сити.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.