Прва победа на Борусија М. сезонава во Бундеслигата

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах ја остварија првата победа превенствена победа во новата сезона во неделата во рамките на четвртокот коло, откако со 3:1 беа подобри дома од Арминија.

Двоен стрелец за Борусија беше Ларс Стиндел во 35 и 69 а еднаш погоди Денис Закарија во 72 минура, додека привремено гостите израмнија во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме преку Масаја Окугава.

По двата пораза и ремито на стартот, Борусија Менгенгладбах сега има четири бодови со кои е на 11-то место, додека за Арминија ова беше првиот пораз сезонава по трите ремија и со три бода е 14-та.

Претходно Ајнтрахт Франкфурт и Штутгарт со по еден погодок во финишот на мечот ги поделија бодовите. Домашните поведа во 79 минута со погодокот на Филип Костиќ и беа блиски до триумф откако гостите останаа со играч помалку кога во 82 минута беше исклучен Валдемар Антон. Но иако ослабен во поле, Штутгарт успеа во 88 минута да израмни со голот на Омар Мармуш.

За Шутутгарт по двата пораза и победата ова беше првото реми и со четири бодови е на 10-то место, додека Ајнтрахт го впиша и третото реми и со три бода е 15-ти.

Берлинска Херта оствари гостинска победа од 3:1 кај Бохум. Стрелци за гостуте беа двапати Суат Сердар во 37 и 43 и еднаш Мизијане Маолида во 78 минута, а почесниот погодок за домашните го постигна Симон Цолер во 59 минута.

Бохум е 13-ти на табелата со три бода, а Херта по трите пораза во низа со првата победа сезонава го избегна последното место и со исто така три бода сега е 16-та.

На врвот на Бундеслигата по четирите кола е Волфсбург со максималните 12 бодови, два повеќе од актуелниот шампион минхенски Баерн. Третопласираната Борусија Дортмунд и четвртиот Мајнц имаат по девет бодови, а петти е Фрајбург со осум бодови.