Прва победа на Клиперс во новата сезона во НБА, за Булс четвртата во низа

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ноќта кон вторникот ја впишаа првата победа во оваа сезона во НВА лигата совладувајќи ги на домашен паркет со 118:86 Портланд Трејл Блејзерс

Лук Кенард беше најефикасен кај Клиперс со 23 коша, од кои шест „тројки“. Реџи Џексон додаде 18 поени, а Пол Џорс 16 со осум украдени топки.

Портланд со 29 коша ги предводеше СиЏеј Меккалум, а Демоен Лилард одаде 12 кошат притоа промашувајќи осум шута за три поена. Ова е вториот пораз за Трејл Блејзерс.

Бостон Селтикс по продолжувањеата со 140:129 ги победија Шарлот Хорнетс. Откако Денис Шредер со „тројка“ израмни на 129:129 на малку повече од две ипол минути до крахот, Браун исто така постугна „тројка“ и додаде забивање на 1,21 минути до крајот. Шредер потоа додаде две слободни фрлања, а Тејтум два поена за конечниот резултат.

Најзаслужен за победата на Селтикс беше Џејсон Тејтум кој дуелот го заврши со 41 поен и осум асистенции. Џејлен Браун го следеше со 30 коша и девет скокови, а Шредерд постигна 23 коша, со 8 асистенции и шест скокови за Бостон. Мајлс Бриџис и Ламело Бол ги предвода Хорнетс со по 25 коша.

Мајами Хитс со 107:90 беа подобри од Орландо Меџикс, а Џими Батлер постигна 24 од вкупно 36 поени во првиото полувреме.

Милвоки Бакс предовдени од Јанис Адетокумбо со 119:109 ги надиграа Индијана Пејсерс во Индијанаполис. Најкорисниот играч во НБА минатата сезона за победата на својот тим постигна 30 коша со 10 скокови и 9 асистенции. Крис Мидлтон додаде 27 поени.

Бруклин Нетс во својата сала со 104:90 ги совладаа Вашингтон Визардс, а Чикаго Булс на гостувањето со 111:108 Торонто Рапторс за својат четврта победа во низа.

Кливленд Кавалирс со 99:87 беа подобри од Денвер Нагетс, Њу Орлеанс Пеликанс со 107:98 од Минесота Тимберволвсм а Атланта Хоукс со 122:104 од Детроит Пистонс.

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Њујорк Никс 2 1 .667 —
1. Филаделфија 76ерс 2 1 .667 —
3. Бруклин Нетс 2 2 .500 0 1/2
3. Бостон Селтикс 2 2 .500 0 1/2
5. Торонто Рапторс 1 3 .250 1 1/2

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Чикаго Булс 4 0 1.000 —
2. Милвоки Бакс 3 1 .750 1
3. Кливленд Кавалирс 2 2 .500 2
4. Индијана Пејсерс 1 3 .250 3
5. Детроит Пистонс 0 3 .000 3 1/2

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Шарлот Хорнетс 3 1 .750 —
2. Мајами Хитс 2 1 .667 0 1/2
2. Вашингтон Визардс 2 1 .667 0 1/2
2. Атланта Хоукс 2 1 .667 0 1/2
5. Орландо Меџикс 1 3 .250 2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. Голден Стејт Вориорс 3 0 1.000 —
2. Феникс Санс 1 2 .333 2
2. Сакраменто Кингс 1 2 .333 2
2. Лос Анџелес Клиперс 1 2 .333 2
2. Лос Анџелес Лејкерс 1 2 .333 2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Мемфис Гризлис 2 1 .667 —
2. Далас Маверикс 1 1 .500 0 1/2
3. Хјустон Рокетс 1 2 .333 1
3. Сан Антонио Спарс 1 2 .333 1
5. Њу Орлеанс Пеликанс 1 3 .250 1 1/2

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Јута Џез 2 0 1.000 —
2. Денвер Нагетс 2 1 .667 0 1/2
2. Минесота Тимбервулвс 2 1 .667 0 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 1 2 .333 1 1/2
5. Оклахома Сити Тандерс 0 3 .000 2 1/2.