Прва победа на Леклер во Формула 1

Младиот 21-годишен пилот од Монако, Шарл Леклер дојде до првата победа во кариерата освојувајќи ја Големата награда на Белгија за која во неделата се возеше на патеката во Спа-Франкошамп, 13-та трка од годинешното Светско првенство во класата Формула 1.

Леклер во саботата беше најбрз во квалификациите, а во неделата ја потврди дорбата форма со сигурното возење и победата. Зад Леклер останаа двајцата возачи на „Мерцедес“, Британецот Луис Хамилтон и Финецот Валтери Ботас, додека Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“ беше четврти.

Леклер е четвртиот победник сезионава, досега победуваат двајцата пилоти на „Мерцедес“ и Макс Верстапен од „Ред Бул“ кон на Спа излета во првиот круг посудирот со Кими Рајконен од „Алфа Ромео Ферари“, а 108-ми вкупно и воопшто прв од Монако.

Воедно ова е првата победа за тимот на „Ферари“ од октомври 2018 година.

Во генералниот пласман води и натаму Хамилтон со 65 бодови повеќе од Ботас. Следниот викенд се вози за Големата награда на Италија на патеката во Монца.