Прва победа на Рома сезонава во Серија А

3 October 2020. ANSA/GABRIELE MENIS

Фудбалерите на Рома ја остварија во саботата првата победа во новата сезона, и тоа на гостувањето кај Удинезе со 0:1, во натпреварот од третот коло на италијанското фудбалско првенство.

Стрелец на победничкиот погодок беше Педро во 56 минута. Рома сега е осма на табелата со четири бодови, додека Удинезе и натаму е без бодови и без постигнат погодок и е на 18-то место.

Во претходно одиграниот натпревар Сасуоло со 4:1 дома триумфираше над Кротоне и со седум бодови привремено се искачи на врвот на Серија А, со бод повеќе од Наполи, Аталанта, Интер, Верона и Милан кои имаат и меч помалку. Кротоне и натаму нема освоено бод во првата сезона во елитата, а поради лошата гол-разлика е последен 20-ти.

Сасуоло поведе во 20 минута со погодокот на Доменико Берард, но Кротено успеа да израмни на почетокот од вториот дел, во 50 минута од пеналот кој го реализираше Симеон Точукву Нвакво. Домашните веќе во 59 минута добија пенал кој прецизно го изведе Франческо Капуто кој го зголеми водството на 3:1 во 86 минута, а Мануел Лукатели во 90 минута ги постави конечниот резултат.

Во петокот Сампдорија со 2:1 славеше на гостувањето кај Фиорентина, која остана на три бода и е 10-та, а тимот од Џенова ги освои првите три бода и е 15-ти.

Во саботата требаше да се одигра и дуелот меѓу Џенова и Торино, но поради мноштвото позитивни на коронавирусот во тимот на македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев натпреварот беше откажан.

Неизвесна и исто така судбината на дербито меѓу Јувентус и Наполи кое треба да се одигра во недела во Торино во вечерниот термин. Имено, во Наполи на позитивни на Covid-19 се полскиот интернационалец Пјотр Зиленски и македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз, па локалните здравствени власти го одложија патувањато на неколку часа. Од друга страна, целата екипа на Јувентус е во самоизолација поради тоа што две лица од клупскиот персонал биле позитивни на тестовите.

Другите неделни дуели според распоредот се: Аталанта – Калјари, Лацио – Интер, Парма – Хелас Верона, Беневенто – Болоња и Милан – Специја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.