Прва победа на Шефилд, Погба го однесе Јунајтед на врвот

Фудбалерите на Шефилд Јуинаред ја остварија првата победа сезонава во англиската Премиер лија победувајќи го во првиот меч од 18-то коло на свој терен Њукасл Јунајтед со 1:0.

Еднинствениот погодок на натпреварот го постигна Били Шарп во 73 минтуа од пенал, откако играњето на Фернандез со рака во својот шеснеасетник.

Шефилд со 15 порази и две ремија и натаму е на последното место на табелата со само 5 бодови, 11 од местата кои обезбедуваат опстанок, додека Њукасл е моментално 15-ти со 19 бодови.

 

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед успеаја да се искачат на врвот на табелата на Премиерлигата, откако со голот на Пол Погба во 71 минута со одличен волеј удар од 20-ина метри славеа на гостувањето кај Барнли.

Со оваа победа Манечстер Јунајтед дојде до 36 бодови од 17 натпревари, три повеќе од вторпласираниот Ливерпул, а четири од третопласираниот Лестер Сити и од четвртиот Евертон кои одиграа ист број натпревари. Барнли, пак, остана 17-ти со 16 бодови, пет повеќе од18-от Фулам кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

 

Евертон во однапред одиграниот дуел од 18-то коло оствари важна победа од 2:1 на гостувањето кај Вулверхемтон. Клубот од Ливерпул поведе уште во 6 минута преку Алекс Ајоби, но домашните израмнија веќе во 14 минута со голот на Рубен Невес, а победничкиот погодок го постигна Мајкл Кин во 77 минута.

Евертон како четврти има 31 бода од 17 меча, три повеќе од Тотенхем кој има натпревар помалку и од Манчестер Сити кој има одиграно 15 натпревари. Вулверхемтон е 14-ти со 22 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.