Прва победа на Вотфорд сезонава

31

Фудбалеите на Вотфорд ја остварија првата победа сезонава во англиската Премиер лига и тоа со 2:0 на гости кај Норич кому му ја отстапија последната позиција на табелата

Жерар Делофеу во 2 минута украде една топка и самиот ја заврши акцијата за водство на Вотфорд, а во 52 минута на негов центаршут Греј ги постави конечните 2:0.

Вотфорд со осум бодови дојде на 18-то место, пред Саутемптон кој има исто така осум бодовуи и Норич кој има седум, а првиот клуб над зоната на испаѓањ е 17-от Евертон со 11 бодови. На табелата води Ливерпул со 31 бод, кој во недела на својот „Енфилд“ го пречекува второпласираниот Манчестер Сити кому му бега шест бодови.

Во сабота играат: Челзи – Кристал Палас, Барнли – Вест Хем, Њукасл – Борнмут, Саутемптон – Евертон, Тотенхем – Шефилд и Лестер – Арсенал. Во недела, покрај дербито во Ливерпул, на распоредот се и дуелите Манчестер Јунајтед – Брајтон и Вулверхемптон – Астон Вила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.