Спорт

англиска премиер лига Прва првенствена победа на Вест Хем

Прва првенствена победа на Вест Хем

Фудбалерите на Вест Хем Јунјетед ја остварија првата победа во новата сезона од англиското првенство, и тоа во петтото коло на гости кај Евертон со 3:1 (2:1).

Првите два гола за Вест Хем ги постигна Јармоленко во 11 и 31 минута, а надежите на домашните ја врати Сигурдсон во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Сепак Арнаутовиќ во 61 минута ги обезбеди трите бода за гостите.

Со оваа победа Вест Хем скокна на 16-то место со три бода, додека Евертон падна на 10-то со шест бодови.

Во првиот неделен натпревар Вулверхемптон на свој терен го победи Барнили со 1:0 (0:0), со голот на Хименез во 62 минута. Вулверхемптон сега е 9-ти со осум бодови, додека Барнли е на дното од табелата со само еден бод.